Врз основа на член 30 став 2 од Статутот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 1/06; 12/15; 9/19; 14/19; 1/21 и 11/21) и член 58 став 3 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на првата вонредна
седница на Советот на Општина Центар-Скопје
Ја свикувам првата вонредна седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на 12.12.2025 година /петок/, со почеток во 10 часот во салата на Советот, во барака 6.
За седницата го предлагам следниов
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-одлука за проширување на средствата во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.
Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.
Совет на Општина Центар-Скопје
ПРЕТСЕДАВАЧ
Билјана Филиповска Тодорчевска