Активности, Проекти|

Во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ вчера се одржа и последната, 4-та сесија од Граѓанските форуми во Општина Центар, како дел од проектот финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој, а спроведен од општината, со наслов „Зајакнување на општинските совети“.

Повеќе граѓани и граѓански организации изминатиот период, на минатите граѓански форуми, пред градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, општинските советници и донаторите, ги претставуваа своите идеи и предлог проекти, со цел добивање на дополнителни средства и понатамошна реализација на истите.

Три од предложените проекти стигнаа во последната фаза, односно четвртиот граѓански форум, каде сите присутни работни групи по претходно утврден систем, гласаа и ги рангираа по редослед. Прворангираниот проект ќе добие целосна, а второ и трето рангираните предлог проекти ќе добијат делумна поддршка за реализација на проектите.

Проектите кои влегоа во финалната фаза се „Младински Центар“, “Отворени сцени“ и „Зајакнување на капацитетите на градинките за успешна социјална инклузија“. По гласањето на присутните, првото место го доби проектот за „Зајакнување на капацитетите на градинките за успешна социјална инклузија“, кој има за цел да приспособи три посебни, таканаречени сензорни соби, каде покрај воспитно-образовниот процес, децата од трите центарски градинки, особено оние со потешкотии во развојот, ќе можат со своите другарчиња дополнително да ги развиваат своите сетила преку специјални предмети, музика и осветлување.

Градоначалникот Саша Богдановиќ, кој заедно со советниците и донаторите ги ислуша предлозите, во својот поздравен говор го изрази своето задоволство од постигнатите резултати од форумските сесии, им честиташе на победниците, а на второ и трето пласираните им вети дека ќе направи сѐ што е во негова надлежност да бидат и тие реализирани.

Во тоа име, градоначалникот Богдановиќ пред присутните соопшти дека објектот на поранешната Управа за водење на матични книги (Матично), кое се наоѓа во склоп на општинските бараки, општината ќе го отстапи како простор за користење на проектот „Младински центар“, а објави и дека ќе помогне во реализацијата на проектот „Отворени сцени“.

Со оваа последна четврта форумска сесија, се затвори овогодинешниот проект „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од УНДП и Швајцарската агенција за развој, а организирана од Општина Центар.  

Comments are closed.

Close Search Window