Активности|

Место на релаизација: Читална „Славко Јаневски“

Период на реализација: од 04-ти ноември до 23-ти ноември

Издавачки куќи: СВЕТОТ НА БИБИ од 4 ноември (понеделник) до 8 ноември (петок)

               ПОЛИЦА од 11 ноември (понеделник) до 16 ноември (сабота)

               МАГОР  од 18 ноември(понеделник) до 23 ноември (сабота)

По повод денот на Општината – 3 Ноември, во период од три недели, започна да се реализира проектот „Денови на книгата во Општина Центар“, кој има за цел актуализација на читалните во општината и зголемување на нивната опременост, зголемување на културата за читање книги, анимирање на читателската публика во Општина Центар, промоција на македонските издавачки куќи и нивните најнови дела на македонски јазик.

Три издавачки куќи ќе извршат презентација на дел од најновите книжевни дела напишани или преведени на македонски јазик. Презентацијата ќе се изврши во читалната „Славко Јаневски“. Секоја издавачка куќа ќе ја користи читалната во текот на една недела  изложувајќи ги своите дела со работно време од 12:00  до 18:00 часот, од понеделник до петок, и сабота од 12:00 до 16:00 часот. 

За користењето на читалната на Општина Центар, издавачките куќи, ќе донираат книги за нејзино опремување.  Сите изложени изданија заинтересираната публика ќе може да ги купи со 30% намаление.

СВЕТОТ НА БИБИ

4-8 НОЕМВРИ

4 НОЕМВРИ, ПОНЕДЕЛНИК

-12:00 ЧАСОТ- Промоција на најновата книга „Книга на знаења“. Соодветно за деца од I до III одделение

14:00 ЧАСОТ- Натпревар со друштвената игра „Игра на знаења“.Наменет за деца од I до III одделение

5 НОЕМВРИ, ВТОРНИК

12:00 ЧАСОТ- Промоција на новата книга „Моите омилени места“ и планер за патувања, автор Билјана Црвенковска, илустратор Михајло Димитриевски-Тхе Мичо. Соодветно за деца од VII до VIII одделение

-14:00 ЧАСОТ- Натпревар со друштвената игра „Игра на знаења“. Наменет за деца од I до III одделение

6 НОЕМВРИ, СРЕДА

-13:00 ЧАСОТ- Промоција на образовната програма „Бибиверзум“ од страна на проф. д-р Кирил Барбареев.

Наменето за деца на возраст од II и III години

-14:00 ЧАСОТ- Натпревар со друштвената игра „Игра на знаења“. Наменет за деца од I до III одделение

7 НОЕМВРИ, ЧЕТВРТОК

-12:00 ЧАСОТ- Работилница за илустрација со Маја Џеповска како се прават цртаните филмови, како оживуваат ликовите, демонстрација на техники на цртање.Наменета за деца на возраст од 5 до 7 години

-14:00 ЧАСОТ- Работилница за илустрација на цртани филмови со Маја Џеповска. Наменета за деца на возраст од 5 до 7 години.

8 НОЕМВРИ, ПЕТОК

-13:00 ЧАСОТ- Работилница за креативно пишување со Билјана Црвенковска – автор на книги и сценарист на цртани филмови.Намененета за деца на возраст од III до V одделение

-14:00 ЧАСОТ- Натпревар со друштвената игра „Игра на знаења“. Наменет за деца од I до III одделение

ПОЛИЦА

 11-16 НОЕМВРИ

11 – 12 НОЕМВРИ, ПОНЕДЕЛНИК И ВТОРНИК

-Детската книжевност– промоција на најновата книга од Луси и Стивен Хокинг „Џорџ и сината месечина“. Презентација на сликовницата „Астрономија“ и книгите „Урнебесна Физика“ и „Урнебесна хемија“. Промоција поддржана од Скопското астрономско друштво со нивни дела и производи. Наменета за деца на возраст од 7 до 12 години 

13 НОЕМВРИ, СРЕДА

Ден за адолесценти- Презентација на книгата „Ние децата од железничката станица ЗОО“  и „ Сара и заборавениот плоштад“.

-16:00 ЧАСОТДебата со Маја Величковска-претставник од  коалицијата Маргини,  на темите обработени во овие книги (смртта на близок, развод на родители, дрога и проституција).

14 НОЕМВРИ, ЧЕТВРТОК

-Маргинализирани групи (различна сексуалност)– Ќе се промовираат светските бест селери „Крајот на Еди“ и „ Историја на насилството“ од Едвард Луј.

-16:00 ЧАСОТ- Дебата со Кристина Атанова– професорка во СОУ „Р. Ј. Корчагин“, на темите обработени во овие книги

15 НОЕМВРИ, ПЕТОК

-Култни класици- Промоција на наградуваните преводи на култни класични и современи дела: „Моби Дик“  на Херман Мелвил, „Улис“  на  Џемс Џојс, како и авторите: Марио Варгас Љоса, Франц Кафка, Филип К. Дик, Ингебор Бахман…

16 НОЕМВРИ, САБОТА

-Македонски автори- Промоција на книгите на Ненад Георгиевски– интервјуа со врвни џез и рок музичари.  Промоција „Земно и небесно лозје“-збирката поезија од светот за виното, составена од Ефтим Клетников (промоција поткрепена со музика и вино).

МАГОР

18-23 НОЕМВРИ

Најновите изданија и најчитани дела од повеќе едиции: Протеј, поетската едиција Созвучја, едицијата Ѕвездите на светската книжевност, едицијата Нобеловци, филозофската едиција Монади, едициите детска и литература за млади, едицијата теориска литература Крепости  и др. стручна литература.

18 НОЕМВРИ, ПОНЕДЕЛНИК

-Претставување на еден од најпознатите италијански детски автори Фабио Џеда, со неговиот роман за млади „Во морето има крокодили“,претставено од страна на професорката Анастасија Ѓурчинова од Филолошкиот факултет во Скопје.  Романот е наменет за деца на возраст од 12 до 14 години

19 НОЕМВРИ, ВТОРНИК

– Кратко меѓусебно претставување на творештвото на македонските реномирани автори Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев.

Интерактивно предавање за креативно пишување, проследено со неформален разговор со авторите Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев.

20 НОЕМВРИ, СРЕДА

-Промоција на детската книга „Како ги дресираме мама и тато“ на авторот Владимир Петрушевски – Фили

21 НОЕМВРИ, ЧЕТВРТОК

-Промоција на детски книги „Што сè Ана знае“, напишана од страна на детски психолози во Р. Србија, а кај нас преведена и адаптирана од страна на Александар Прокопиев. Наменета за деца од 3 до 6 години.

22 НОЕМВРИ, ПЕТОК

-Промоција на едицијата илустрирани бајки од Браќата Грим, адаптација на текстот -Александар Прокопиев, илустрации – Искра Петровска. Намената за деца од претшколска возраст.

-Промоција на книгите од Радјард Киплинг „Токму така“ и „Книга за џунглата“,од страна на Мартина Лозаноска и Светлана Димовска.

Comments are closed.

Close Search Window