Активности, Образование|

ООУ „Киро Глигоров“, заедно со Здружението на училишни директори на Република Северна Македонија, се домаќини на Регионалната конференција на училишни директори.

Директори на училишта од Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Грција, Косово и Кипар, заедно со домашните претставници три дена ќе разменуваат практики и искуства со цел подобрување на степенот на образование.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денес имаше поздравно обраќање пред учесниците на конференцијата. Заблагодарувајќи им се за присуството и изборот, кој оваа година е токму најмодерното центарско основно училиште, „Киро Глигоров“, градоначалникот Богдановиќ им посака пријатен престој и успешна работа на конференцијата.

Comments are closed.

Close Search Window