Активности, Образование|

По повод Детската недела која оваа година се одбележува под мотото „Имаме право на среќно детство!“,градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ги посети првачињата во ООУ „Киро Глигоров“.

Активностите за детската недела се одбележуваат во сите земји членки на Организацијата на Обединетите Нации (ООН), во првата полна недела од октомври.

Инспирирани од годинешното мото, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, како претставник на општинската администрација, на првачињата од ООУ „Киро Глигоров“ им подели танграми и им посака успех и безгрижни моменти поминати во новото, модерно, основно училиште –„Киро Глигоров“.

По средбата со градоначалникот, за првачињата се одржа и предавање за основите за безбеден сообраќај и движење, како и за нивно оспособување и препознавање на опасностите во сообраќајот од страна на претставници на Републичкиот Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата (РСБСП) и МВР, како дел од активностите на РСБСП за зголемување на безбедноста на патиштата.

„Оваа недела е важна за сите првачиња, сите тие имаат право на среќно детство. Ние како општина сакаме да оддадеме почит кон идните генерации, да им подариме убави мигови како и предавања кои сакаме да им користат во иднина. Благодарност до РСБСП за предавањето за сообраќајот затоа што тоа им значи и на родителите, своите деца да се внимателни и уште од најмали нозе, соодвеетно сообраќајно едуцирани“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Заради зголемување на безбедноста на најмладите при учество во сообраќајот, преку нивна зголемена видливост, градоначалникот Богдановиќ и преставниците на РСБСП им поделија флуоросцентни елечиња.

Comments are closed.

Close Search Window