Здравјето на децата не е загрозено, градинката веднаш презела мерки

16.09.2025
Во однос на информациите кои излегоа во јавноста дека деца во градинка во Центар пронашле искористен шприц, Градинката „13 Ноември” информира дека детето го извадило шприцот без игла од џебот откако се вратило дома, а потоа откако поминал празникот, по три дена родителите ја алармирале градинката.

Герасимовски: 150 пензионери денеска отидоа на еднодневна екскурзија во Охрид

15.09.2025
150 пензионери од Општина Центар денеска отпатуваа на еднодневна екскурзија во Охрид, организирана од градоначалникот Горан Герасимовски. Тој, утрово лично ги испрати пензионерите и им посака добар пат и пријатна прошетка во еден од најубавите градови во нашата земја.

Герасимовски: Преполн Парк на Франкофонија, илјадници скопјани уживаа на „Нешто што ќе остане“

15.09.2025
Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера.

Герасимовски: Отчет за рекордни капитални инвестиции од 13 милиони евра, работевме транспарентно и посветено за центарци

15.09.2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го презентираше отчетот за реализираните проекти во четиригодишниот мандат, изразувајќи задоволство што Центар денес е општина во која граѓаните се чувствуваат безбедно, достоинствено и почитувано.

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи

11.09.2025
Општина Центар, изминативе години бележи значаен напредок во поддршката за култура, за само три години годишниот буџет за културни активности е зголемен од 3 милиони на 13 милиони денари.

Герасимовски: Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“

10.09.2025
Во сабота, 13 септември, со почеток во 19.30 часот по трет пат ќе се одржи големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкфонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона“