Општина Центар воведува современ систем за следење и намалување на бучавата

Активности
1
03.12.2025

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар.

Ги покривме најфреквентните локации низ општината, а врз основа на овие мерења нашите инспекциски служби вршат редовни контроли на терен.

Овие уреди не препознаваат гласови – се мери амбиенталната бучава во децибели и фреквенцијата на звукот, со цел побрза и поефикасна реакција на инспекцијата.

Податоците служат како показател за дополнителна проверка, а санкции се изрекуваат исклучиво по официјални мерења од акредитирана лабораторија, согласно закон.

Фокусот е ставен на бучавата од угостителските објекти и сообраќајот, затоа што јавниот мир и квалитетот на живот на центарци се наш приоритет.

-Работиме системски

-Работиме транспарентно

-Работиме во интерес на граѓаните

Галерија
Submitted by marijah on 15.01.2026 - 15:22