Трета седница ДНЕВЕН РЕД 2025 година

Соопштенија
Седница
Се донесува Решение за свикување на третата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 24.12.2025 година /среда/ во 11 часот.
Општина Центар-Скопје
17.12.2025

Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам                                        

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на трета седница на

 Советот на Општина Центар-Скопје

Ја свикувам третата седница на Советот на Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи на 24.12.2025 година /среда/, со почеток во 11.00 часот

Усвојување на Записник од втората седница на Советот и Записник од првата вонредна седница на Советот.

За седницата го предлагам следниов

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/79 од 16.12.2025 година, за усвојување на Програмата за работа и развој на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за 2026 година со финансиски план, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/82 од 16.12.2025  година, за усвојување на Годишната програма на Јавното  претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за вршење комунална дејност за 2026 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на  Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/102 од 19.12.2024 година, за усвојување на Годишната програма на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за вршење на јавна (комунална) хигиена  за 2025 година, донесена од Управниот одбор на Јавното  претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/86 од 16.12.2025 година, за усвојување на Програма за ангажирање на лица за вршење на јавни работи за надзор и контрола зајавните паркиралишта на јавното претпријатие за јавни паркиралишта “Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за 2026 година, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-решение за констатирање на престанок на мандат на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за именување членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-решение за констатирање на престанок на мандат на членови на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за именување членови на Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи  на Општина Центар-Скопје.

  1. Предлог-одлука за давање согласност на Годишна програма и финансиски план за 2026 година на Трговско друштво за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори „Енергија Центар“ дооел-Скопје.

  1.  Предлог-програма за работа на Советот на Општина Центар-Скопје за период јануари-декември 2026 година.

  1.  Предлог-програма за урбанистичко планирање на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за уредување на градежно земјиште на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за реконструкција и санација на основните училишта на Oпштина Центар-Скопје за 2026    година.

  1.  Предлог-програма за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-програма за образование на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-програма за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-програма за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-програма за инспекциски работи на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1. Предлог-програма и акционен план на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година.

  1. Предлог-буџет на Општина Центар-Скопје за 2026 година.

  1.  Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година
  2.  Предлог-одлука за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2026 година
  3. Предлог-одлука за донесување/недонесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план  за  парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 2.11 и ГП 2.12 формирани во ДУП за ГЧ Ј 21 локалитет „Клинички центар и Геолошки завод“ (Одлука бр. 09-726/37 од 09.02.2024 год.) Општина Центар-Скопје.
  4. Предлог-одлука за донесување/недонесување на Урбанистички проект со план за парцелација за ГП 20.11 и ГП 20.12, со намена А2- домување во згради од Изменување и дополнување на Детален урбанистички план за дел од локалитет „Буњаковец 1 “ УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8, УМ9, УМ10, УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20, УМ21, УМ22, УМ23, Општина Центар-Скопје.

Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.

Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел.

3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.

                              Совет на Општина Центар-Скопје

                                            ПРЕТСЕДАВАЧ

                              Билјана Филиповска Тодорчевска

Submitted by miai on 17.12.2025 - 20:23