Образование, Стипендии|

Ена Рахиќ е одлична ученичка од деветто одделение во ООУ „Св. Кирил и Методиј”. Таа ги посетува сите натпревари по математика, освојува награди, а годинава по втор пат ќе учествува на математичката јуниорска олимпијада што ќе се одржи на Природно математички факултет.

Ена, две години е корисничка на стипендија што Општина Центар ја доделува за талентирани ученици. Среќен сум што денеска, на Меѓународниот ден на образование имавме можност да ја запознаеме и да и посакаме многу петки и успех на натпреварите што претстојат.

 

Comments are closed.

Close Search Window