Активности, Култура|

Општина Центар информира дека во петок, 27 декември организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.

Предновогодишната забава ќе почне во 20:00 часот, на локација „Боемска 1“.

Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов, по што ќе следат единствените „Нокаут“.

„Качете се на временската машина на „Нокаут“ и запејте ги  „Фатална опсесија“, „Лебедот бел“, „Телефонскиот број не постои“, „Илјада причини за крај“. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на Боемска. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, Ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.

Во среда, 25 декември, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај Италијанска амбасада, кадешто граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез верзија на македонските евергрини од Искра Србиновска квартет, но и да пробаат греано вино и печени костени.

Comments are closed.

Close Search Window