Активности, Спорт и млади|

Општина Центар го одржа традиционалниот пролетен атлетски крос посветен на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир. На патеката на Кејот на Вардар се натпреваруваа ученици од VI до IX одделение од општинските основни училишта.
На учениците кои постигнаа најдобри резултати им беа доделни медали и дипломи, а сите учесници добија маички со лого на Општината и училиштето.
Листа на наградени ученици на Атлетскиот крос – Центар 2024 се:

Девојчиња од 6 и 7 одделение на 400 метри:
1.Ведрана Тунески VI одделение од ООУ„ Киро Глигоров“
2. Лана Кесиќ VI одделение од ООУ„ Киро Глигоров“
3.Теодора Кочоска VI одделение од ООУ „ Димитар Миладинов“

Момчиња од 6 и 7 одделение на 500 метри:
1.Борјан Костовски VII одделение од ООУ „Димитар Миладинов“
2.Марио Стојковски VII одделение од ООУ„Песталоци“
3.Марко Ничевски VI одделение од ООУ„Песталоци“

Девојчиња од 8 и 9 одделение на 600 метри:
1.Марта Димковска VIII одделение од ООУ „Димитар Миладинов“
2. Климентина Максимовска VIII одделение од ООУ„ 11 Октомври“
3.Михаела Димитриевска IX одделение од ООУ„ Димитар Миладинов“

Момчиња од 8 и 9 одделение на 700 метри:
1.Теон Бошковски IX одделение од ООУ„ Димитар Миладинов“
2.Стефан Илиев IX одделение од ООУ„11 Октомври“
3. Петар Наневски VIII одделение од ООУ„Гоце Делчев“

Центар продолжува да инвестира во младите и спoртот. Локалната самоуправа традиционално ги организира Училишните спортски (лиги) Центар, а воедно се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти-поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

 

 

Comments are closed.

Close Search Window