Активности, Образование|

Вложувањето во нашите деца е вложување во нашата иднина. По повод Светскиот ден на здравата храна – 16 октомври, Општина Центар обезбеди пакети со здрава храна за децата од сите општински градинки во Центар.
Во своето обраќање градоначалникот Герасимовски истакна дека децата во центарските градинки добиваат балансирани и разновидни оброци по препорака од тим на стручни лица, кои се иницијатори за воведување на правилна исхрана во градинките. Тој ја истакна важноста за здравата исхрана во градинките, каде се стекнуваат првите животни навики кои се клучни за развојот и растот на децата.
Овој процес вeќе e започнат во градинките во Општина Центар, а се реализира со иницијатива од професорите на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје и со поддршка од Министерството за труд и социјална политика.

Comments are closed.

Close Search Window