Активности|

Месец мај ќе биде месец на куглање за учениците од основните училишта во Општина Центар.

Општина Центар оствари нова соработка со Градски трговски центар А.Д. Скопјe, каде што ќе се обезбедат бесплатни часови за куглање за учениците од осумте центарски училишта, а учениците ќе имаат можност да се рекреираат и да ги изучуваат техниките на кугларскиот спорт од врвни тренери кои бележат успеси и на меѓународни натпревари.

Кугланата Мусандра ГТЦ  ќе обезбеди и бесплатна спортска опрема за потребите на учениците и расположливост на сите патеки за куглање кои се налик светските куглани.

Ова е одлична можност за учениците квалитетно да го искористат слободното време и преку изучување на нови спортски техники да го поттикнат спортскиот дух, како и развојот на тимската игра и лидерските способности.

Comments are closed.

Close Search Window