Активности, Спорт и млади|

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на спортот за развој и мир – 6 април, Општина Центар организираше Атлетски крос – Центар 2023 за учениците од основните училишта.

Настанот се реализираше на Кејот на Вардар, а учесниците се натпреваруваа во неколку категории и делници, според возраст и пол. Учествуваа ученици од шесто до деветто одделение од сите основни училишта во Центар.

Учениците што постигнаа најдобри резултати на Атлетскиот крос – Центар беа наградени со медали и дипломи, а сите учесници добија маички со лого на Општината и училиштето.

Општина Центар постојано вложува буџетски средства во проекти што имаат цел да ги промовираат спортско-рекреативните содржини наменети за учениците, децата, младите, како и за жителите на Општината. Традиционално се организираат Училишните спортски (лиги) Центар, се доделуваат спортски стипендии за талентирани спортисти и финансиски се поддржуваат спортски клубови, спортисти-поединци, спортски институции, здруженија и други организации.

Листа на наградени ученици на Атлетскиот крос – Центар 2023 се:

Девојчиња од 6 и 7 одделение на 300 метри
од 6 и 7 одделение на ПРВО МЕСТО Алексија Иванов  од ООУ ,,Киро Глигоров”
ВТОРО МЕСТО  Марта Димковска од ООУ ,,Димитар Миладинов”
ТРЕТО МЕСТО Теодора Ристовска од ООУ ,,Киро Глигоров”

Момчиња од 6  и 7 одделение на 400 метри
ПРВО МЕСТО Марин Поповски ООУ ,,Димитар Миладинов”
ВТОРО МЕСТО Филип Јовановски ООУ ,,Ј.Х. Песталоци”
ТРЕТО МЕСТО Георг Јошев ООУ ,,Димитар Миладинов

Девојчиња од 8 и 9 одделение на 500 метри
ПРВО МЕСТО Моника Макаровска ООУ ,,Димитар Миладинов”
ВТОРО МЕСТО Тамара Атанасовска ООУ ,,Киро Глигоров”
ТРОТО МЕСТО  Катја Додевска ООУ ,,Димитар Миладинов”

Момчиња од 8 и 9 одделение на 600 метри
ПРВО МЕСТО Сергеј Малјановски ООУ ,,Димитар Миладинов”
ВТОРО МЕСТО Даријан Јовановски ООУ ,,Кочо Рацин”
ТРЕТО МЕСТО Стефан Илиев ООУ ,, 11 Октомври”

Comments are closed.

Close Search Window