Активности, Проекти|

Врз основа на Програмата за образование на Општина Центар- Скопје за 2022 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 21/21 од 20.12.2021год.), се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

за ангажирање на лични асистенти во

проектот „Образование за сите“

 

Се повикуваат сите лица кои се заинтересирани да се вклучат во Проектот „Образование за сите“, за работно ангажирање како лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, кои се вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2022/2023 година.

Заинтересираните лица кои ќе бидат вклучени во Проектот „Образование за сите“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, во период од 8 (осум) месеци, почнувајќи од 15 октомври 2022 година до крајот на учебната 2022/2023 година.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот „Образование за сите“ се предвидува паричен надоместок во висина од 12.000,00 денари нето износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Заинтересираните лица кои ќе се пријават за учество во Проектот „Образование за сите“, треба да припаѓаат на една од следните целни групи:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

– млади лица до 29 години

– лица постари од 50 години

– самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

Лични асистенти со минимум завршено средно образование од било која област, кои имаат претходно искуство во работа со лица со попречености. Предност ќе имаат кандидатите кои се евидентирани како невработени лица во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија); кандидати кои имаат завршено образование од областа од одделенска или предметна настава, педагогија, дефектологија, психологија и социјална работа; кандидати кои имаат претходно искуство во работа како лични/образовни асистенти во претходните циклуси на проекти; како и кандидати кои поседуваат лиценца за личен асистент на лица со попречености издадена од овластена инситуција.

Заинтересираните лица, Барањата за учество во Проектот „Образование за сите“ можат да ги поднесат во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака 6.

 

Потребни документи кои треба да бидат доставени се:

  • Барања за учество во проект „Образование за сите“;
  • Професионална кратка биографија;
  • Потврда од Агенцијата за вработување (доколку кандидатот е невработено лице евидентирано во Агенцијата на Република Северна Македонија);
  • Доказ за завршено образование (копија);
  • Потврда за претходно работно искуство со лица со попречености (доколку кандидатот поседува таква);
  • Лиценца за Личен асистент на лица со попреченост (доколку кандидатот поседува таква)

 

Јавниот оглас ќе трае 5 работни дена од денот на објавување на истиот. Огласот е достапен на веб страната на Општина Центар – Скопје и на огласните табли на општинските основни училишта на територија на Општина Центар – Скопје.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Oпштина Центар – Скопје и избраните кандидати.

 

Comments are closed.

Close Search Window