Активности, Проекти|

Највозрасните граѓани во населба Крњево и Кале добиваат пензионерски дом „Гоце Делчев“ во просториите на ЈП ПОЦ. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со пензионерите го отворија новиот пензионерски дом и заедно играа шах, домино и карти.

„Општина Центар постојано ги следи потребите на граѓаните и секогаш се обидува да им излезе во пресрет. Пензионерите од Општина Центар се висок приоритет за нас и затоа ние како локални власти се трудиме да им обезбедиме содржини кои ќе им бидат интересни, места што ќе претставуваат, катче каде ќе се среќаваат, ќе се дружат и квалитетно ќе го поминуваат слободното време“, изјави Герасимовски.

Ова е седми пензионерски клуб кој се отвора на територија на општината и 2 од ветените три во предизборната кампања на градоначалникот Герасимовски. Следниот ќе биде отворен близу Универзална сала и со отворањето на тој клуб Општина Центар ќе биде единствената општина која во секоја урбана заедница ќе има пензионерски клуб. Отворањето на овие пензионерски клубови ја покажуваат и нашата грижа и помош за оваа категорија на граѓани.

Општина Центар за највозрасните граѓани веќе го спроведува проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ во кој сите возрасни лица со полни 62 години добиваат домашна нега од лиценцирани негуватели, физиотерапевти и психолози. Овој проект е наменет за 90 корисници жители на општината кои добиваат нега три пати пати неделно по два часа во текот на цела година. Исто така во соработка со „Банка за храна“ на пензионерите со ниски примања Општина Центар им доделува пакети со храна и хигиенски производи.

Општината Центар силно и посветено работи на највозрасните граѓани во општината да им обезбеди безгрижни и мирни пензионерски денови.

Comments are closed.

Close Search Window