Активности, Образование|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и 105.000 денари на осум првенци на генерација од основните училишта во Општина Центар. Станува збор за основци кои во текот на целата учебна година покажале континуиран одличен успех, учествувале на натпревари и посетувале вонучилишни активности.

„Oва е личен успех за вас и големо задоволство за вашите родители, ова е успех и за вашите наставници, училиште и за сите нас како општина. Ви посакувам да продолжите да бидете најдобри и да се изградите во успешни лидери и професионални личности. Горд сум на вашиот успех. На општината и државата и требаат квалитетни млади луѓе, кои тука ќе вложуваат и искрено се надевам дека за 10-тина години вие ќе бидете тие.“, изјави Герасимовски.

Герасимовски на најуспешните ученици исто така им порача да продолжат да вложуваат во себе и својата иднина. Воедно, пред крајот на учебната година и по повод Светскиот ден на детето, градоначалникот им посака убав распуст и среќни и безгрижни денови.

Инаку, оваа година во Општина Центар седум училишта имаат осум првенци на генерација, бидејќи ООУ „Димитар Миладинов“ има двајца првенци на генерација, додека ООУ „Киро Глигоров“ како ново училиште сѐ уште нема деветтолетка.

Comments are closed.

Close Search Window