Активности|

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб.

Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата.

Се работи за објект од втора категорија со намена А1 – домување во станбени куќи, со димензии 11.8 метри на 8.9 метри, изграден од армирано бетонска конструкција на улица „Христо Чернопеев“ бб, дел од локалитетот Тасино Чешмиче 1 и Тасино Чешмиче 2.

На инвеститорот на објектот, овластен градежен инспектор на 20.7.2021 година, му издал Решение со кое му се наложува итен прекин на градежните работи. И покрај добиеното решение за прекин на изградбатата, инвеститорот продолжил со изградба на објектот, спротивно на издаденото одобрение за градење и заверениот основен проект.

Врз основ на член 134, став 1, алинеа 3 и 4 и член 137 став 1 од Законот за градење, овластен градежен инспектор постапувајќи по службена должност, изврши контролен инспекциски надзор и донесе решение со кое му наложи на инвестирот во зададен рок да ја отстрани градбата. Во спротивно, општината ќе пристапи кон присилно административно извршување, со што трошоците од извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот.

Упатуваме апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, како во овој случај, така и понатаму, општината присилно ќе ги отстранува објектите, со што трошоците за отстранувањето паѓаат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените и изградени објекти.

Comments are closed.

Close Search Window