Активности|

По обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, зимската служба на Општина Центар е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се под надлежност на општината.
Со 3 возила, меѓу кои и соларка, се расчистуваа сите критични сообраќајни точки во општината, особено во Мало Курило и подножјето на планината Водно. При утринската интервенција се пробиваа продори и се расфрлија 30 тони сол.

На неколку делови во општината по пријава од граѓани евидентирани се штети по што градоначалникот Горан Герасимовски излезе на терен и направи увид во состојбата. Станува збор за неколку паднати дрва на коловози и паркинзи во Капиштец и Водно. Истите причиниле прекин во сообраќајот и штети на неколку автомобили.
Екипи од ЈП „Паркови и зеленило“ како надлежна институција за одржување на зеленилото ги санира штетите најпрво расчистувајќи ги коловозите со цел да обезбеди непречен и безбеден сообраќај.
Општина Центар е во постојан контакт со ЈП „Паркови и зеленило“ и ги замолува граѓаните за трпение и смиреност. Воедно ги повикува сите граѓани на кои снежните наноси им причиниле штети да ги пријават на следните телефони 02 3070 112, 02 30 70113 или на дежурниот телефон 070 268963 и 070 326215 за паднати дрва.
Во координација со градските служби со расчистување на снегот на улиците ќе се продолжи и денес, доколку има потреба и во текот на вечерните часови, со цел на граѓаните да им се овозможи непречено и безбедно движење низ општината.

Comments are closed.

Close Search Window