Активности, Спорт и млади|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, ја назначи Јулија Геровска, вработена во Општина Центар како помлад соработник за ex-ante финансиска контрола во Одделението за буџетска контрола, за општински службеник задолжен за младите, младинското учество и младинските политики во Центар, Јулија Геровска.

Службеникот за млади има за задача да остварува континуирана соработка со младинските организации и младите кои живеат во Центар, со цел подобрување на нивната состојбата во општината.

Во Општина Центар, како локална самоуправа која се грижи за добросостојбата на сите возрасни категории, од денес гласот на младите ќе се слуша уште повеќе и уште погласно при носењето и креирањето на сите младински активности и политики во Центар.

Градоначалникот Богдановиќ ѝ го честиташе назначувањето на Геровска, ѝ посака успех во работата и порача дека од денес, младите за прв пат ќе имаат вистински посветен претставник во Општина Центар.

Сите млади кои ќе имаат било какви идеи, предлози или се соочуваат со некакви проблеми во однос на локалната самоуправа, ќе можат електронски да се обратат до службеничката за млади, на адресата julija.malahova@centar.gov.mk.

Comments are closed.

Close Search Window