Активности|

Градоначалникот Саша Богдановиќ и претставници од Секторот за јавни дејности во Општина Центар одржаа работен состанок со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

На денешниот состанок тие разговараа за алтернативни решенија кои ќе овозможат проширување на сместувачките капацитети во градинките на територијата на Општина Центар и формирање нови групи на деца кои ќе се вклучат во предучилишно образование за време на здравствената криза и пандемијата од Ковид – 19.

Во наредниот период Општина Центар ќе преземе активности кои ќе имаат за цел да ги прошират сместувачките капацитети во градинките и да одговорат на потребите и барањата на родителите, а ќе бидат во согласност со Правилникот за работа од страна на Министерството за труд и социјална политика и препораките од Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство во Република Северна Македонија.

„Во однос на алтернативните решенија кои планираме да ги спроведеме се однесуваат на отворање осум занимални во рамки на четири општинските основни училишта. Планираме училниците да бидат пренаменети во занимални, а ние како локална самоуправа дополнително ќе обезбедиме просторни и хигиенски услови кои се неопходни за дневниот престој на децата во градинките. Во план е да се отворат и нови вработувања за воспитувачки и негувателки “ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ

Минатата недела започна вакцинацијата на наставниот кадар од општинските основните училишта, односно за наставниците кои реализираат настава со физичко присуство од прво до трето одделение и за вработените во општинските градинки, а истата ќе продолжи и во наредниот период.

Comments are closed.

Close Search Window