Активности|

Зимската служба на Општина Центар и работниците задолжени за одржување на хигиената го расчистуваат снегот на улиците кои се под oпштинска надлежност. Општинските служби за одржување на хигиената ги расчистуваат велосипедските и пешачките патеки, тротоарите и останатите јавни површини.

По обилните врнежи на снег кои го зафатија Скопје изминатото деноноќие, службите се активирани на терен и се расчистува снежната покривка.

Општинските служби во текот на ноќта и утринава со 4 специјални зимски возила го расчистуваа наврнатиот снег, пробиваа продори и расфрлаа сол на сите критични сообраќајни точки во општината, особено во подножјето на планината Водно.

Во координација со градските служби, со регулирањето на снегот на улиците ќе се продолжи и денес, доколку има потреба и во текот на вечерните часови, со цел на граѓаните да им се овозможи непречено и безбедно движење низ општината.

Comments are closed.

Close Search Window