Активности, Совет|

На 34-та седница на Уставниот суд на РСМ за преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.3.2019-тагодина. Уставните судии одлучија да ја прифатат иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови.

Со оваа одлука за прифаќање на иницијативата поднесена од двајца граѓани на Охрид и со неприфаќањето на било каква дискусија, ни станува јасно како ќе се одвива дискусијата на уставните судии.

Откако се корегираа одредени планови и се усогласија со важечкиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, одеднаш пристигнаа и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за неспроведување на деталните урбанистички планови и тоа внимавајте, не од жители на Општина Центар, ниту на Град Скопје, туку ни помалку, ни повеќе – од граѓани на Охрид.

Одлуката за применување на деталните урбанистички планови, која што ја донесе Општина Центар, не е иста како претходната туку напротив, го оценува начинот на кој се спроведуваат деталните урбанистички планови. Тоа значи дека тоа што го наведува и ГУП-от, дека сите планови донесени пред ГУП-от, а нивните параметри не се усогласени со ГУП-от значи дека истите не може да се спроведуваат.

Имено, согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година се дефинира дека суштинската карактеристика на системот на урбанистичкото планирање, кој произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање е двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање на градовите.

Двостепеноста се остварува со генерални и детални урбанистички планови, при што во генералните урбанистички планови се одредуваат зоните на намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, додека деталните планови служат за разработка и спроведување на генералните урбанистички планови. Врската помеѓу генералните и деталните планови, каде што е предвидено дека и облигациите за нивната хиерархиста усогласеност во Законот е утврдено дека деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Генералниот урбанистички план 2012-2022 година стриктно наведува дека: „Во периодот до донесување то на Генералниот урбанистички план за град Скопје 2012-2022 до усогласувањето на деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје, деталните урбанистички планови кои се на сила можат да се применуваат само и исклучиво во оние делови од планскиот опфат кои се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022, односно не се спротивни ниту на една негова одредба.

Планските документации кои се опфатени со Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови се однесуваат на планови кои што се донесени 2011, 2012, па дури и 2003 година. Ако се земе предвид временската дистанца, дивжењето на имотот, имотно правните односи, правото на сопственост, и преостанатите права кои произлегуваат од нив во најголема мера претрпеле низа на промени. Тие промени се однесуваат во постапки за дооформување на земјиште, легализација, приватизација, постапки по отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, долготраен закуп или јавно наддавање.

Потребите на граѓаните нужно се промениле. Сопственоста, нејзиното стекнување, располагање и правораздавање е динамична категорија и со проток на време нужно трпи промени.

Во тој контекст, параметрите зададени во цитираните детални урбанистички планови опфатени во Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, оспорена со Иницијативата У.бр.273/2020, се веќе неприменливи и се надвор од параметрите зададени од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022. Во смисла пак на самите детални урбанистички планови опфатени со оспорената Одлука, веќе дел од нив и се донесени од страна на Советот на Општина Центар-Скопје (ДУП „Тасино Чешмиче 2“, ДУП „Мирче Мацан“, „Даре Џамбаз“ и сл.) и произведуваат правно дејство на начин што овозможуваат плодоуживање на стекнатите права.

Тоа значи дека на 27.3.2019 Советот на Општина Центар донесе одлука која е веќе содржана во Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Со оваа постапка е повеќе од јасно дека Уставниот суд се става во надредена позиција врз општината и со тоа, ги ускратува сите можности Општина Центар да реагира во измена на деталните урбанистички планови, додека праксата говори дека лош план може да се замени само со нов, подобар план, што всушност беше и појдовната намера на општината со новите планови.

Со ова практично Уставниот суд само допушти да биде прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање, (а со тоа и ГУП на Град Скопје 2012-2022) каде што изрично е наведено дека Деталните урбанистички планови МОРА да бидат усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022.

Очигледно е дека ако земеме предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени нашата заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност, луѓе кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во Општина Центар.

Таков пример се досега донесените 5 урбанистички планови, чие донесување беше поздравено од советниците и од граѓаните, но пред сѐ од стручната јавност. Тоа е видливо од повеќе примери од одредени локалитети, каде зградите и објектите беа заменети со површини кои ги бараа граѓаните, односно паркови, градинки, детски игралишта итн., а онаму каде што објектите беа во одредена фаза на развој, им беше дадена насока за усогласување на параметрите на ГУП-от, почитувајќи ја нашата јасна интенција – овозможување на хумано живеење.

Доколку со оваа одлука биде укината, одлуката за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови, ќе стапат на сила старите планови, за кои што граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови.

„Нашата борба не завршува со оваа одлука, напротив, ни го дава потребниот ветар в грб. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, избран од граѓаните на Центар на непосредни, фер и демократски избори, ќе направиме сѐ што е во наша надлежност со единствена цел, да ја направиме општината подобро и похумано место за живеење“, додаде Богдановиќ.

Comments are closed.

Close Search Window