Прес|

Реконструкцијата на улицата „11 Октомври” е новата приказна која ќе ја надополни и збогати сликата за Скопје и централното градско подрачје.

Стратешки решенија за подобрување на велосипедската мрежа во Центар и стеснување на коловозните ленти, ново булеварско зеленило кое ќе го оплемени централниот дел, се само дел од нашите заеднички активности, не само за центарци, туку и за сите граѓани.

Неодамна со градоначалникот Петре Шилегов започнавме со реконструкција на неколку улици, кои ќе овозможат сообраќајно поврзување на неколку општини на територијата на Скопје, како и проекти за редизајнирање на јавни површини во нови функционални простори.


Благодарност до Градот Скопје и градоначалникот Петре Шилегов за креативните решенија и поддршката за Центар.

Comments are closed.

Close Search Window