Активности|

Една година по целосната дигитализација на ЈП Паркинзи на Општина Центар преку веб платформата www.poc.mk повеќе од 6000 регистрирани корисници ги користат услугите на претпријатието по електронски пат.

„Досега, 15% од вкупниот број на склучени договори со ЈП ПОЦ се издадени по електронски пат. Оваа бројка ни дава мотив да продолжиме да инвестираме во најновите светски технолошки трендови во паркинг индустријата со цел да им овозможиме на жителите на Општина Центар и на останатите  корисници  брзо, лесно и едноставно користење на нашите услуги.“, изјави директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Васко Кичевски.   

Неодамна ЈП ПОЦ ја пушти во употреба и новата верзија на мобилната апликација со која сите услуги на претпријатието станаа достапни и на мобилните телефони. Новата верзија на апликацијата нуди и дополнителни можности за користење на услугите: безбедна активна геолокација за прецизна одредба на паркинг зоната; електронско плаќање паркинг со платежна картичка; склучување и продолжување договор за резиденти и нерезиденти и електронско плаќање за истите; најавување на гостински регистрации преку М-картата; пријавување на комунални проблеми на територија на Општина Центар со прикачување на фотографија; eлектронско плаќање на дневна паркинг карта (ДПК), месечен билет, други типови на билети; и многу други поволности.

„Мобилната апликација овозможува лоцирање на возилото во која зона се наоѓа. Потоа ќе може веднаш безбедно да се плати паркирањето со платежна картичка без да се внесуваат податоците за зоната, што досега создаваше проблеми бидејќи имавме случаи кога се внесуваше погрешна зона.“, вели Кичевски.

Сите жители на Општина Центар кои ќе ја симнат новата верзија на мобилната апликација, ќе добијат 30 часа бесплатен паркинг во гостинскиот пакет на М-картата, а граѓаните од останатите општини ќе добијат два часа бесплатен паркинг на паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар.

Comments are closed.

Close Search Window