Активности|

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје од денеска започнува со редовно бележење на хоризонтална сигнализација на паркиралиштата со кои стопанисува со цел полесно и попрегледно паркирање во општина Центар.

ЈП ПОЦ ќе започне со работа од Зона 01 и катната гаража „Судска палата“, а во текот на наредните неколку месеци ќе бидат одбележани сите паркинг места во останатите зони и затворени паркиралишта.

ЈП Паркинзи на Општина Центар апелира до жителите да имаат разбирање за наведените активности, бидејќи по завршување на бележењето на паркинг местата ќе се добие подобра и пофункционална организација на паркирањето и ќе можат да користат добро уредени и безбедни паркинг места.

Comments are closed.

Close Search Window