Општина Центар го асфалтираше и последниот дел од улицата „Ленинова“. Паралелно се уредуваат пешачките површини, рабниците и зеленилото, со што се привршува целосната реконструкција на улицата.
Детското игралиште зад Универзалната сала во Центар е целосно реконструирано. Најмалите центарци добија современо, безбедно и уредено место за игра, рекреација и дружење.
Средствата од Буџетот на Општина Центар-Скопје ќе се користат за финансирање на Божиќен базар, односно за организација и реализација на шестдневен настан на отворено.
Основна цел на проектот е промоција на локалните занаетчии, угостители и микро претприемачи од Општина Центар, да се поттикне празничниот дух, дружењето и солидарноста, како и афирмација на креативноста и локалното творештво.
Општина Центар – Скопје ги повикува сите заинтересирани жени со живеалиште на територијата на општината да се пријават за учество во обуката за финансиска писменост на жените, која се организира во рамките на Програмата на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите за 2026 година.
Се донесува Решение за свикување на петнаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 13.11.2026 година /петок/, со почеток во 9.30 часот.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар-Скопје започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, ЛЕАП за периодот 2026 – 2032 година, во кој ќе се идентификуваат сегашните притисоци врз животната средина и ќе се понудат решенија за нивно надминување.
Општина Центар ja реконструира последната фаза од улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Се повикуваат да се пријават на Јавниот повик за „Обука за финансиска писменост на жените“ сите заинтересирани лица што ги исполнуваат наведените условите.
Јавниот повик започнува од денес 23.9.2026 и ќе трае 15 дена.
Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.
Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.
Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните.
Инспекциските служби на Општина Центар ја засилија контролата на градилиштата на територијата на локалната самоуправа. Само во изминатата недела се посетени 10 активни градилишта, при што се утврдени сериозни пропусти во почитувањето на законските обврски.
Скопје, 21.09.2026 – ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 13.09 до 20.09.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 123 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Општина Центар го објави конкурсот за доделување на годишната награда „Феникс“ за 2026 година, признание кое се доделува на поединци, групи творци и правни лица за особени постигнувања и придонес во развојот и афирмацијата на општината.