Сектор за финансиски прашања

Сектор
Контрола на состојбата и движењето на средствата и изворите на средствата на општината утврдени со Буџетот на општината
Сектор за финансии

 

Секторот за финансиски прашања е клучен за ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со сите финансиски аспекти на Општина Центар - Скопје. Неговата работа е целосно усогласена со законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, финансиското управување и контрола, сметководството за буџетите и буџетските корисници, како и сите други релевантни прописи поврзани со финансиското работење на Општината.

Во Секторот за финансиски прашања функционираат три оделенија: Одделение за буџетска координација, Одделение за буџетска контрола и Одделение за сметководство и плаќање.

 

 

 

Работно време
Пон-Пет: 08:00-16:00

Одделение за буџетска координација - мид

1
2
3
Одделение
Буџетска координација
Има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно управување со буџетската координација, во согласност со законските прописи од областа на буџетското работење...

Одделение за буџетска контрола - мид

1
2
3
Одделение
Буџетската контрола
Ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со буџетската контрола, согласно законските прописи од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа и финансиското управување и контрола

Одделение за сметководство и плаќања - мид

1
2
3
Одделение
Сметководство и плаќања
Одделението има за цел ефикасно, ефективно и квалитетно раководење со сметководствените активности и плаќањата, согласно законските прописи од областа на буџетското работење

Работни цели на Секторот за финансиски прашања

Примарна цел на Секторот е да обезбеди стабилно и транспарентно финансиско работење на Општината, преку доследна примена на законската регулатива и ефективно управување со буџетските средства.

 

Работни задачи и обврски 

Секторот за финансиски прашања ги извршува следниве клучни задачи и обврски:

  • Буџетско планирање и реализација: Организира и координира изготвување на буџетот на Општината, одлуката за извршување на буџетот, кварталните извештаи за извршување на буџетот, завршната сметка и годишниот извештај. Дополнително, го организира и координира тековната реализација на буџетот.

  • Управување со човечки ресурси: Ги распоредува работните задачи на раководителите на одделенијата и го следи текот на нивното извршување. Се грижи за стручното усовршување на вработените во Секторот, како и за нивната работна дисциплина.

  • Планирање и предлози: Подготвува предлог-план за работа на Секторот и се грижи за негова реализација. Подготвува предлози за политики по начелни прашања од надлежност на Секторот.

  • Соработка со општински тела: Учествува во работата на работните тела на Советот на Општината.

  • Банкарски гаранции: Ги презема сите дејства поврзани со банкарските гаранции дадени по склучените договори од постапките во сите сектори што ќе се обратат.

  • Следење и примена на прописи: Континуирано ги следи законските и подзаконските прописи и другите општи акти од областа на буџетското работење, финансирањето на единиците на локалната самоуправа, уредувањето на изворите на приходи на Општината, финансиското управување и контрола, водењето на сметководството за буџетите и буџетските корисници и други прашања од областа на финансиското и материјалното работење, обезбедувајќи нивна доследна примена.

Документација

Извештаи за извршување на буџетот(квартални извештаи) на Општина Центар- Скопје

Извештаи за извршување на буџетот(квартални извештаи) на Општина Центар- Скопје