Врз основа на член 57 став 2 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на шестата седница на
Советот на Општина Центар-Скопје
Ја свикувам шесттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на 13.3.2026 година /петок/, со почеток во 12.00 часот
Усвојување на Записник од првата конститутивна седница на Советот и Записник од петтата седница на Советот.
За седницата го предлагам следниов
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за утврдување на мерилата, критериумите и начинот на пресметка на надоместокот што паѓа на товар на родителите за услугите што ги дава ЈУДГ на Општина Центар „Раде Јовчевски Корчагин“-Скопје бр. 02-67/3 од 20.2.2026 година, донесен од Управниот одбор на детската градинка.
- Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за утврдување на мерилата, критериумите и начинот на пресметка на надоместокот што паѓа на товар на родителите за услугите што ги дава ЈУДГ на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје бр. 02-80/6 од 25.2.2026 година, донесен од Управниот одбор на детската градинка.
- Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за утврдување на мерилата, критериумите и начинот на пресметка на надоместокот што паѓа на товар на родителите за услугите што ги дава ЈУДГ на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје бр. 01-101/1 од 23.2.2026 година, донесен од Управниот одбор на детската градинка.
- Предлог-одлука за давање согласност на Правилникот за измена и дополна на Правилникот за систематизација на работните места во ЈУДГ на Општина Центар „Кочо Рацин“-Скопје бр. 01-100/1 од 23.2.2026 година, донесен од Управниот одбор на детската градинка.
- Предлог-решение за именување членови во Управниот одбор на Јавната установа за деца Детска градинка на Општина Центар „Кочо Рацин“, предложени од Општина Центар-Скопје.
- Правилник за начинот, критериумите и постапката за доделување финансиски средства за социјални услуги и сервиси за граѓаните на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополнување на Финансискиот план на Кошаркарскиот клуб „Работнички“ АД Скопје, за планирани средства за период од 1.1.2026 година до 31.12.2026 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Тарифникот за користење на термини во спортската сала „Работнички“.
- Предлог-одлука за именување на недвижен објект - спортска сала.
- Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт ЦС 14-Кале и СРЦ Кале, Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за донесување на Детален урбанистички план за Градска четврт ЦС О1-Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 Општина Центар-Скопје.
- Разгледување на Годишен наративен и финансиски извештај за период од 1.1.2025 до 31.12.2025 година на Установата од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО“ за 2025 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишната програма за 2026 година на Установата од областа на културата „Културно социјален простор ЦЕНТАР-ЈАДРО“, Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/7 од 27.2.2026 година за усвојување на Статутот на Јавното
претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното
претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за субвенционирање на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за заштита на животната средина на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за реконструкција и санација на основни училишта и детски градинки на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за здравствена, социјална заштита и заштита на деца на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за локален економски развој на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје
за 2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за образование на Општина Центар-Скопје за
2025 година.
- Разгледување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за Програма за инспекциски работи на Општина
Центар-Скопје за 2025 година.
- Предлог-завршна сметка на Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Предлог-годишен извештај на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Предлог-одлука за отпис на основни средства и побарувања поради застареност и ненаплатливост.
- Предлог-одлука за давање согласност на дополнување на Годишниот план за вработување во 2026 година, во Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.
Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел.
3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.
Совет на Општина Центар-Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Виолета Велковска