Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен зафат.