Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери.

Активности
1
16.02.2026

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одржа средба со амбасадорот на Република Италија во Република Северна Македонија, Паоло Палминтери.

На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу Општина Центар и Република Италија, како и за можностите за нејзино понатамошно продлабочување во иднина, преку реализација на заеднички иницијативи и проекти од заемен интерес.

„Општина Центар има одлична соработка со Република Италија, која сакаме дополнително да ја унапредиме и продлабочиме. Разговаравме за нови можности за соработка во повеќе области, со цел размена на искуства и имплементација на добри европски практики, кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, со заедничка заложба за јакнење на партнерските односи и развој на соработката во наредниот период.

Галерија
Submitted by miai on 18.02.2026 - 15:05