Активности
20.02.2026
78 години со љубов го градиме патот на нашите најмлади!
Денес е голем ден за ЈУДГ на ОЦ „Раде Јовчевски Корчагин“, 78 години постоење, посветеност и безброј детски насмевки. Имав чест да бидам дел од оваа прекрасна прослава и лично да им се заблагодарам на сите воспитувачи и негуватели кои со децении го вложуваат своето срце во правилниот раст и развој на нашите дечиња.
Градинката е првиот чекор кон созревањето и местото каде се раѓаат првите другарства, а овој значаен јубилеј е доказ за традицијата и квалитетот што ги негуваме во нашата општина. Децата се наш најголем приоритет и затоа неуморно вложуваме во нови објекти и современа инфраструктура .
Нека е честит и вековит патрониот празник на „Раде Јовчевски Корчагин“!