Активности|

Општина Центар ја известува јавноста дека во текот на превенција од Корона вирусот, општинските основни училишта и градинки ќе бидат отворени на определено време, за потребите на родителите и граѓаните.

Општинските основни училишта и градинките ќе бидат отворени секој работен ден од 9:00 – 13:00 часот, кога ќе бидат достапни како за издавање на потврди, така и за други прашања на граѓаните.

Општина Центар им даде насока на раководството на училиштата и градинките пред истекот на превентивниот период одреден од Министерството за здравство и Владата на РСМ, да закажат комплетна дезинфекција на објектите.

Comments are closed.

Close Search Window