Активности|

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на изминатата седмица санкционираа 207 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 26.08. до 01.09.2019 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 87 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно паркирано возило на место наменето за лица со посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 120 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во коишто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници и да се реши проблемот со непрописното паркирање.

Comments are closed.

Close Search Window