Активности|

Градоначалникот Горан Герасимовски, утрово на брифинг појадок со новинари најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а ќе трае до 4-ти јули. Герасимовски, потенцираше дека преку овој караван, граѓаните ќе се информираат за тоа што е реализирано во изминатите три ипол години, но исто така центарци ќе можат да дадат и свои идеи, сугестии и предлози за поубав Центар.
„Караванот почнува денеска и ќе трае до 4-ти јули. Заедно со граѓаните ќе креираме политики и идеи и ќе ги реализираме. Самиот караван почнува од населбата Капиштец, од детското игралиште кај Зебра. Со општинските служби ќе бидеме заедно со граѓаните и ги слушаме сите нивни предлози и идеи, она што го правиме во текот на годините преку буџетските форуми, истражувањата, анкетите. Нашата цел е да ги слушнеме центарци за нивните предлози и идеи. Се гледаме вечер во маало“, рече Герасимовски.

Караванот ќе почне од населбата Капиштец, а во продолжение Ви ја испраќаме деталната агенда со предвидените активности.

АГЕНДА
Вторник 10.06 од 18:30 до 20:00 часот
Капиштец Зебра паркот

Среда 11.06 од 18:30 до 20:00 часот
Дебар маало (клупата Горан Стефановски)

Четврток 12.06 од 18:30 до 20:00 часот
Пролет игралиште

Петок 13.06 од 18:30 до 20:00 часот
Паркинг кај Мистер џек (индијанско маало)

Сабота 14.06 од 10:30 до 12:00 часот
Зелено пазарче на плочникот

Недела 15.06 од 10:00 до 11:30 часот
Средно Водно паркингот

Понеделник 23.06 од 18:00 до 20:00 часот
Парк Капиштец кај спортското игралиште

Вторник 24.06 од 18:30 до 20:00 часот
Песталоци (во дворот)

Среда 25.06 од 18:30 до 20:00
Ул. 50 дивизија (игралиштето)

Четврток 26.06 од 18:30 до 20:00 часот
Градски ѕид (ескимо пролазот)

Петок 27.06 од 18:30 до 20:00 часот
НБРМ Плочникот Маџир маало

Сабота 28.06 од 10:00 до 11:30 часот
Пазарче Буњаковец

Недела 29.06 од 10:00 до 12:00 часот
Градски парк

Понеделник 30.06 од 18:30 до 20:00 часот
Водно (кош Тинекс)

Вторник 01.07 од 18:30 до 20:00 часот
Пајко маало (филхармонија)

Среда 02.07 од 18:30 до 20:00
Кеј 13 Номеври, кај кафичите

Петок 04.07 од 13:45 до 15 часот
Крњево

Сабота, 05.07 од 18:30 до 20:00 часот
Кале

OПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ 

Comments are closed.

Close Search Window