Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесува Решение за свикување на 48. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на 29.5.2025 година /четврток/, со почеток во 13.00 часот
Усвојување на Записникот од 47. седница на Советот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-одлука за давање согласност за прием на поголем број
деца во воспитните групи во однос на предвидениот проектиран
капацитет во јавните установи за деца детски градинки на
Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/25
од 8.5.2025 година за усвојување на Кварталниот извештај за
работењето на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта
„Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период октомври-
декември 2024 година, донесена од Управниот одбор на Јавното
претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина
Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/28 од 8.5.2025 година за усвојување на Годишниот извештај за работењето во 2024 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје со финансиски извештај (за периодот од 1.1.2024 година до 31.12.2024 година), донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/31 од 8.5.2025 година за усвојување на Годишната сметка за 2024 година на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за измена на Правилникот за платите, надоместоците на плати и други примања на вработените во јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје бр. 02-17/69 од 12.7.2022 година.
- Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2025 година-изменет и дополнет на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за задолжување на Градоначалникот на Општина Центар-Скопје за потпишување Договор за поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на сервисните и станбените улици на подрачје на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за извештајниот период (кумулативно) од 1.1.2025 до 31.3.2025 година.
- Предлог-одлука за проширување на средства во Буџетот на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Предлог-програма за измена и дополнување на програма за реконструкција и санација на основни училишта на Општина Центар-Скопје за 2025 година.
- Предлог-план за спречување на корупцијата на Општина Центар-Скопје за 2025-2026 година
- Предлог-одлука за одобрување на парична помош на Јован Ѓорѓиески.
- Предлог-одлука за прифаќање донација од Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги „УНОПС“.
- Предлог-одлука за прифаќање донација од Друштво за градежништво и трговија „Кат Костов“ доо увоз-извоз
- Предлог-одлука за донесување/недонесување на План за парцелација од Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 5.01 и 5.02 од Изменување и дополнување на ДУП за Буњаковец 2 (Одлука број 07-9331/10 од 10.12.2012) со намена А2 домување во згради, КО Центар 1, Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.
Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел.
3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667