Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), се донесува Решение за свикување на 47. седница на Совет на Општина Центар – Скопје.
Седницата ќе се одржи на 29.4.2025 година /вторник/, со почеток во 13.00 часот
Усвојување на Записник од 46. седница на Советот
и Записникот од 5. вонредна седница на Советот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
1.Предлог-програма за мерките и активностите на Општина Центар-Скопје во областа на превенцијата, заштитата и спасувањето во кризни состојби.
2.Предлог-правилник за категоризација на објектите за спорт во сопственост на Општина Центар-Скопје.
3.Предлог-одлука за прераспределба на средства во Буџетот на
Општина Центар-Скопје за 2025 година.
4.Предлог-план за измена на Планот на програми за развој
за период 2025-2027 година на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-програма за измена и дополнувања на Програмата
за комунални дејности на Општина Центар-Скопје за
2025 година.
6. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/19
од 24.3.2025 година, за промена на адреса на подружница на
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на
Општина Центар-Скопје, донесена од Управниот одбор на
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на
Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлука за престанок
и давање на трајно користење на движни ствари на Општна
Центар-Скопје бр. 50-2799/81 од 1.4.2025 година, донесена
од Влада на Република Северна Македонија.
- Предлог-одлука за прифаќање донација од „АПОЛО МК“
дооел Скопје, за Јавна установа за деца-Детска градинка
на Општина Центар-Скопје „Кочо Рацин“ објект
„Наум Наумовски Борче“.
9. Предлог-одлука за прифаќање донација од Друштвото за
управување со пакување и отпад од пакување „ПАКОМАК“,
Скопје.
10. Предлог-одлука за донесување /недонесување на Урбанистички
проект со план за парцелација за формирање на една градежна
парцела од градежните парцели 1.27 и 1.28 од „Изменување и
дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2 УМ
1.5“ (намена А2-домување во згради), Општина Центар-Скопје.
- Разгледување на Иницијатива за формирање на сектор
„Чуварска служба“ во Јавното претпријатие за јавни
паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација.