Општина Центар го заврши асфалтирањето на крак на улицата „Истарска“ во населбата Ново Маало, на површина од 378 квадратни метри. Со овој зафат се подобрува пристапот до домовите и се овозможува полесно и побезбедно движење на жителите.
Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се збогати визуелниот изглед на објектите во Општината, се објавува Јавен повик за пријавување на здруженија и правни субјекти кои работат во сферата на културата и уметноста и делуваат на територијата на Општина Центар за реализација на проектот „ Мурали и графити“.
Се донесува Решение за свикување на четиринаесеттата седница на Советот на Општина Центар-Скопје. Седницата ќе се одржи на 14.10.2026 година /среда/, со почеток во 12.00 часот.
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел да се промовира македонското фолклорно наследство, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „7/8 Центарски Такт“. Со организацијата на овој проект, Општина Центар сака да ја истакне вредноста на микротоналната музичка традиција, народната песна и традиционалната носија преку спој на едукативен, дефилеен и сценско-музички карактер.
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Општина Центар дава финансиска поддршка на здруженија за реализација на проекти – воннаставни активности за ученици, наставници и родители во учебната 2024/2025 година во општинските основни училишта на Општина Центар-Скопје
Општина Центар и “Нула Отпад” со низа активности и под мотото „Пренеси ја пораката, одиме во лов на електронски отпад “ ќе ја подига свеста кај најмладите за правилно селектирање на е-отпадот и заштита на животната средина.
Согласно Програмата за спорт и рекреација на Општина Центар-Скопје за 2024 година и Извештајот за спроведена постапка од Комисија за рангирање на пријавите од спортски клубови спортисти поединци и организации од областа на спортот
“На денешната панел конференција во организација на Хајделберг факултетот во Скопје, имав можност со своите колеги градоначалници да разменам искуства и размислувања за процесот на фискалната децентрализација и партнерството на локалната самоуправа со централната власт.“
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска им изрази голема благодарност на Воислав Чижбановски, Сами Камилов, Ѓунеш Елес и Мифтар Рајкович вработени во ЈП Паркинзи на Општина Центар, за храброто и пожртвувано гаснење на пожарот на Јасен.