Целта на овој јавен повик е да се овозможи транспарентно и еднакво користење на просторот Парк на Франкофонија за организирање активности од јавен интерес кои придонесуваат за развојот на локалната заедница, поттикнување на граѓанското учество и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Преку овој повик, Општината има за цел да го поттикне користењето на јавниот простор како место за едукација, соработка, дружење и промоција на позитивни општествени вредности, преку активности кои се достапни и отворени за сите граѓани.