Активности, Култура|

На денот посветен на поезијата, Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски се обрати на манифестацијата „Моќта на поезијата“, која беше во организација на Здружението на пензионери Општина Центар и Здружението на просветни работници на Град Скопје со поддршка на Општина Центар.

Оваа поетска вечер се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во чест на великанот на македонското литературно творештво, безвремениот академик Петре М. Андреевски, годинава кога се навршуваат 90 години од неговото раѓање.

По распишаниот јавен повик за учество, со своето литературо творештво се претставија автори пензионери од Општина Центар и просветни работници кои живеат и работат на територија на Општина Центар. Присутните уживаа во поетското читање од страна на просветни работници, новинари, поети, уметници,  како и во настапот на пензионерскиот хор „Елегија“, а потоа на авторите учесници им беа врачени благодарници.

Градоначалникот Герасимовски на сите љубителите на пишаниот збор им посака во добро здравје и во благосостојба да им се множат успесите во реализирање на проекти од културната сфера.

Comments are closed.

Close Search Window