Целосно реконструирано спортското и детско игралиште во населбата Кале

30.07.2025
Општина Центар ја финализираше целосната реконструкција на спортското и детско игралиште во населбата Кале, создавајќи модерен, безбеден и функционален простор за спорт, игра и дружење на отворено.

Креативна детска авантура вечерва во Капиштец

29.07.2025
Општина Центар ги кани сите мали и големи жители на заедничко дружење и незаборавна авантура на отворено, денеска, 29 јули (вторник), од 19 до 20:30 часот, во паркот во населбата Капиштец, кадешто ќе се одржи уште едно издание на манифестацијата „На одмор сум, во Центар сум“.

Утрински појадок со жените пензионерки од Општина Центар

24.07.2025
Градоначалникот Горан Герасимовски денеска се сретна со дел од активот на жени пензионерки од Општина Центар на утрински појадок, каде се водеше отворен разговор за теми важни за нивниот секојдневен живот.

Јавен повик за за работно ангажирање на 80 невработени лица за пошумување и заштита и превенција од пожари

11.07.2025
Се повикуваат сите  невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката 6.2 –Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), заради зголемување на вработливоста преку работно ангажирање на невработените лица за заштита и превенција од пожари

Јавен повик за финансиска поддршка за реализација на проект „Нешто што ќе остане“

11.07.2025
Со цел Општината да даде свој придонес во афирмирањето на македонската музика и поддршка на македонските изведувачи, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Нешто што ќе остане“