ОПШТИНА ЦЕНТАР
СОВЕТ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
Бр.08-4741/1 од 24.8.2026 година
С К О П Ј Е
ДО
ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ
НА ОПШТИНА ЦЕНТАР
С К О П Ј Е
Врз основа на член 57 став 1 од Деловникот на Советот на Општина Центар-Скопје („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 3/06; 12/15 и 20/20), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 11. седница на
Советот на Општина Центар-Скопје
Ја свикувам 11. седница на Советот на Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи на 31.8.2026 година /понеделник/, со почеток во 12.00 часот.
Усвојување на Записникот од деветтата седница на Советот.
За седницата го предлагам следниов
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката бр. 02-17/75 од 18.8.2026 година за усвојување на Шестмесечен извештај за работата на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје за период јануари-јуни 2026 година со финансиски извештај донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар-Скопје.
- Предлог-решение за именување член во Управниот одбор на Јавната установа за деца-детска градинка на Општина Центар „13 Ноември“-Скопје, предложен од Советот на родители.
- Предлог квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Центар-Скопје за период од 01.01 - 30.06.2026 година.
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за формирање на локален управен комитет за изработка на трет локален еколошки акционен план за животна средина на Општина Центар-Скопје (леап 3) за период 2026-2032 година.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Урбанистички проект со план за парцелација за спојување на ГП 5.5 и ГП 5.14 од Измена и дополна на Детален урбанистички план Градска четврт „Дебар маало 2“, Општина Центар, Скопје.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Урбанистички проект со план на парцелација за ГП 20.06 и ГП 20.07 од Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, Општина Центар – Скопје.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Урбанистички проект со план за парцелација за поделба на градежна парцела 17.4, согласно ДУП „Буњаковец 1“ У.М 1; У.М 6; У.М 7; У.М 12; У.М 13; У.М 14; У.М 16; У.М 17, У.М 20, У.М 22 и У.М 23 (Одлука бр. 07-466/1 од 18.02.2005), Општина Центар, Скопје.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Урбанистички проект со план за парцелација на ГП 7.1 од Детален урбанистички план Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Урбанистички проект со план за парцелација за формирање на една градежна парцела од ГП 5.1 и ГП 5.2 согласно Изменување и дополнување на ДУП Градска четврт Дебар Маало 1 со намена А2 – домување во згради, Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за суспензија на применување на дел од Измена и дополнување на Детален урбанистички план „Буњаковец 1“ УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8, УМ9, УМ10, УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20, УМ21, УМ22, УМ23, Општина Центар-Скопје (Одлука бр. 07-3625/14 од 10.05.2012 година.
- Предлог-одлука за отпочнување на постапка за донесување на Детален урбанистички план Градска четврт З 11 - Буњаковец 1 и Буњаковец 2, Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за ГП 22.8 во Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8, УМ9, УМ10,УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20, УМ21, УМ22, УМ23, Општина Центар-Скопје.
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за улица „Славејко Арсов 4“-4 во Детален урбанистички план за Градска четврт Ј 06-дел од локалитет Тасино чешмиче 1 и Тасино чешмиче 2, плански период 2016-2021, Општина Центар-Скопје (одлука бр.08-5980/6 од 10.12.2019 год.).
- Предлог-одлука за донесување/недонесување Техничка исправка за ГП 6.8 во Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од локалитет Буњаковец 1, УМ1, УМ2, УМ3, УМ4, УМ5, УМ6, УМ8, УМ9, УМ10, УМ11, УМ12, УМ13, УМ14, УМ15, УМ18, УМ19, УМ20, УМ21, УМ22, УМ23, Општина Центар-Скопје.
Седницата ќе се одржи во просториите на Општина Центар-Скопје, барака 6, сала за состаноци, со можност за користење на средствата за електронска комуникација. Ве молиме за присуство на седницата.
Во случај на спреченост, Ве молиме навреме да бидеме известени на тел. 3 203-600; 3 203-607; 3 203-632; 3 203-667.
Совет на Општина Центар-Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
Виолета Велковска