ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2026 за избор на членови на надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје

09.03.2026
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на (3) три членови во надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје (во натамошниот текст: надзорен одбор) , со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.14, чиј основач е Општина Центар.

ЈАВЕН ПОВИК бр. 01/2026 за избор на членови на Управен одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар - Скопје

09.03.2026
Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на (5) пет членови во управниот одбор на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, со седиште на Бул. Гоце Делчев бр.14, чиј основач е Општина Центар .

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар “

09.03.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел запознавање на граѓаните со уметничките, архитектонските, историските  и другите вредности во општината, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „ Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар “.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на уметноста “

05.03.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел афирмирање на уличната перформативна уметност во општината, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „ Светски ден на уметноста “.

Герасимовски: Акробати, танчери и улични перформанси во Центар, јавен повик за Светскиот ден на уметноста

05.03.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува здруженијата, организациите и уметниците од Центар да се пријават за финансиска поддршка за проектот „Светски ден на уметноста“.

Герасимовски и советниците д-р Новотни и д-р Савески на дискусија со учениците: 8 милијарди причини за дејствување против дебелината

04.03.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја отвори панел-дискусијата на тема „8 милијарди причини за дејствување против дебелината“. Настанот беше организиран по повод 4 Март - Светскиот ден на дебелината и се одржа во основното училиште „Кочо Рацин“.

Герасимовски: Реконструкција на улицата ,,Светозар Марковиќ”, нов асфалт, тротоари и канализација 

03.03.2026
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, изврши  увид во активностите за реконструкција на улицата „Светозар Марковиќ“ во населбата Ново Маало. Реконструкцијата на улицата опфаќа површина од 1.310 м² и должина од 210 метри. Во моментот на терен се поставува нов асфалт.

Герасимовски:  Стихови  и музика во Центар, објавен е јавен повик за реализирање на Светскиот ден на поезијата

27.02.2026
Општина Центар објави Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“, со цел достојно одбележување на 21 Март,  денот кога ширум светот се слави поетскиот збор.

ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“

27.02.2026
Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел актуализација на македонската поезија, како и насочување на вниманието на јавноста кон вредноста на делата на современите македонски поети и нивниот безвремен карактер, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Светски ден на поезијата“. Во рамките на проектот посветен на македонскиот поетски збор, се предвидува и соодветна музичка поддршка на настанот.

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема 

26.02.2026
Инспекциската служба на Општина Центар, спроведува интензивни теренски контроли за утврдување дали терасите, настрешниците, шанковите, перголите, параваните, застаклените конструкции и другата урбана опрема се поставени со важечко одобрение и согласно издадената документација.