Активности, Образование|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, направија увид во градежните работи на градинката Пролет. Станува збор за градинка која општината ја гради со сопствени средства и по повеќе од 50 години.

Градоначалникот Герасимовски пред медиумите истакна дека завршена е енергетски ефикасната фасада и другите надворешните работи поради што градежните работи се одвиваат во внатрешноста на објектот.

 „70% од градежните работи се завршени. Завршено е поставувањето на електричната и водоводната инсталација, поставени се сите преградни ѕидови како и противпожарните врати кон подрумските простории, пристигнати се поголемиот дел од елементите во кујната кои се по најсовремен хасап систем. Сакам да напоменам дека децатаа во градинката Пролет секојдневно ќе добиваат свежо приготвена храна само за нив и истата ќе им се доставува преку посебен лифт. Исто така пристигната е опремата за греење и ладење, поставен е и лифтот за децата со инвалидитет и попреченост во движењето како и рампите за влез и излез во подземната гаража. Кровот е исто така целосно завршен. Општина Центар градинката ја гради со сопствени средства и оваа инвестиција значи решавање на еден долгогодишен проблем за сите родители од Пролет и Маџир Маало“, истакна Герасимовски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски пак истакна дека овој начин на работа преку правилно насочување на парите кон граѓаните ja покажува вистинската грижа за сите кои живеат во Центар.

 „Ова е вистински пример што значи грижа за луѓето што живеат во Општина Центар, што значи исполнување на потребите на граѓаните. Оваа градинка е прва која се гради во Општина Центар по половина век, на најголема површина од 3.276 метри квадратни,  и ќе биде најголемата детска градинка во државата, со капацитет за згрижување на 150 деца од оваа општина. Инвестицијата е во вредност од  2,5 милиони евра, а изградбата е целосно финансирана од општинскиот буџет. Ова е вистинска грижа за децата, за нашите најмлади и најмили и за сите граѓани – вака изгледа тоа на дело. Со ова темпо на работа, верувам дека вратите на оваа градинка ќе бидат отворени во септември“ изјави Ковачевски.

Преку оваа градинка Општина Центар ќе обезбеди и нови вработувања и беспрекорно функционирање во предучилишните установи без никакви листи на чекање за упис на нови дечиња. Општината продолжува да работи на инклузивноста во образованието и обезбедување на најсовремени и најквалитетни услови за престој на децата и идните генерации.

Comments are closed.

Close Search Window