Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во пресрет на новогодишните празници подели новогодишни пакетчиња за децата на Универзитетската клиника за детски болести, за децата во Центарот за рехабилитација на патологија на вербална комуникација, за лицата во Дневниот центар за церебрална парализа, за лицата со интелектуална попреченост над 18 години во дневниот центар „Пролет“, во Универзитетската клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, во Здружение за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ како и за децата од Здружението на телесно инвалидизирани лица на Град Скопје.
„Новогодишните празници носат посебна магија која на сите нас ни дава посебна среќа и радост. Но таа радост е уште поголема кога ќе ги видите насмеаните лица на дечињата кога ќе добијат новогодишно пакетче. Овие денови разменивме многу насмевки, убави желби и другарски пораки со дечињата кои ги посетивме во Клиничкиот центар, Универзитетската клиниката за респираторни заболувања кај децата Козле и неколкуте здруженија. Им благодарам и на нашите пријатели од Веро Маркети, Кам Маркети, Рамстор, Тримакс, Ново Нордиск, Фешнгруп, , Комерцијална банка и Марвеј кои ги обезбедија пакетчињата и ги предизвикаа најубавите детски насмевки“, изјави Герасимовски, посакувајќи си подобри и повесели да се видат и наредната година.
Герасимовски утре ќе им подели пакетчиња и на децата во социјален ризик кои се во згрижувачки семејства како и на децата од градинките и училиштата.

Comments are closed.

Close Search Window