Активности, Образование|

ЦИВИЛ во соработка со Општина Центар денеска одржаа јавен мултимедијален настан на тема „Заедно за подобра иднина“ каде што беа изложени ликовни креативни творби од ученици од општинските основни училишта. Учениците преку своите цртежи изразија свои гледишта за тоа како треба да изгледа светот, како и најблиското опкружување, нагласувајќи ја почитта кон различностите.  Една од најсилните пораки од младите уметници гласи „Исти сме, иако сме различни“.

„Некои лекциии се учат од мали нозе, а се практикуваат цел живот. Една од нив е да живееме заедно и да се почитуваме без оглед на верската и етничката припадност. Нашите млади Центарци, преку своите слики покажаа дека ја научиле таа лекција. Честитки до наградените ученици кои беа дел од проектот што го сработивме со Цивил под мотото: „Заедно за подобра иднина“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Comments are closed.

Close Search Window