Во рамки на Програмата за култура на Општина Центар-Скопје за 2026 година, а со цел Општината да даде свој придонес во афирмирањето на македонската музика и поддршка на македонските изведувачи, се објавува Јавен повик за реализација на проектот „Нешто што ќе остане“. Во рамките на овој проект што прерасна во традиција, предвидено е да се организира музички хепенинг на кој ќе се претстават наши уметници, а жителите на градот ќе имаат можност бесплатно да се забавуваат слушајќи ги домашните автентични звуци.