Активности, Комунални дејности|

Општина Центар започна со инфраструктурни зафати на повеќе локации, реконструира и изведува комплетно нови пешачки патеки на локации кои ќе го олеснат движењето и пристапот на граѓаните. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски утрово за Канал 5 телевизија зборуваше дека во следниот период во општината ќе има нови урбано уредени катчиња.

„Денеска сме зад Олимпискиот базен каде што ги уредуваме новите пешачки патеки, станува збор за изведба на целосно нови пешачки патеки, кои дополнително ќе бидат надополнети со клупи нови канти и зазеленување и расчистување целосно на просторот. Дополнително покрај оваа локација имаме и подобрување на пешачките патеки на повеќе локации почнувајќи од Водно, улицата „Славејко Арсов“, улицата „Партизанска“ што води од СЈО, делот на улицата „Загрепска“, имаме мала реконструкција на делот што води до Мал Ринг и во неколку други локации на општината. Целта ни е да ги подобриме условите на пешаците со нови пешачки патеки и реконструкција на старите“, изјави Герасимовски.

Со овие инфраструктурни зафати опфатени се и улиците „Христо Смирненски“, „Никола Тримпаре“ и санација на јавни површини во комплексот згради во Буњаковец, јавните површини близу Министерство за Култура.

Градоначалникот Герасимовски за Канал 5 исто така зборуваше и за останатите проекти како изградбата на новата градинка во населбата Пролет за која рече дека на почетокот на следната година истата треба да биде завршена. За таа цел Герасимовски рече дека се возобновува уличното осветлување, се поставува нова урбана опрема, а исто така се осврна и на доградбата на нови училници во ОУ „Коле Неделковски“.

Comments are closed.

Close Search Window