Општина Центар ja реконструира последната фаза од улицата „Ленинова“, на потегот од крстосницата со улицата „Илинденска“ до објектот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Општина Центар, во соработка со Сојузот на специјални едукатори и рехабилитатори на Република Северна Македонија, е првата општина во државата која на организиран начин спроведува обуки на воспитно-згрижувачкиот кадар и стручните служби во детските градинки за рана детска интервенција.
Се повикуваат да се пријават на Јавниот повик за „Обука за финансиска писменост на жените“ сите заинтересирани лица што ги исполнуваат наведените условите.
Јавниот повик започнува од денес 23.9.2026 и ќе трае 15 дена.
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на науката од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Општина Центар-Скопје доделува стипендии за талентирани ученици од областа на спортот од VIII и од IX одделение од општинските основни училишта на територијата на Општина Центар-Скопје
Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар
По реконструкцијата на улицата „Ленинова, граѓаните ќе добијат нова и квалитетно изведена улица, со нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување.
Целта на овој проект е да се зголеми безбедноста на улицата Орце Николов преку воведување на физички мерки за смирување на сообраќајот, а со тоа да се намали бојот на сообраќајни незгоди на овој потег
Денеска, официјално им беа врачени уверенијата за втор мандат на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, како и на советниците кои во следните четири години заеднички ќе ги носат сите проекти за развој на општината.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата. Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид во целосно обновените простории во ООУ „Димитар Миладинов“, свечената и фискултурната сала.
Со задоволство ве покануваме на тематската прошетка „Постземјотресни обележја во Центар“ посветена на бруталистичката архитектура во Скопје – стил кој го обликуваше идентитетот на градот по земјотресот и сè уште предизвикува љубопитност и восхит.
Се донесува Решение за свикување на 53. седница на Совет на Општина Центар – Скопје. Седницата ќе се одржи на 9.10.2025 година /четврток/, со почеток во 13.00 часот
Општина Центар постави контејнери за кабаст отпад на повеќе локации, со цел да им овозможи на граѓаните лесно и бесплатно да се ослободат од овој вид отпад, а воедно да се спречи создавање мини депонии.
Градоначалникот Горан Герасимовски, вчера се дружеше со хигиеничарите во Паркот на франкофонија, каде лично им се заблагодари за нивната неуморна работа и посветеност.
Градоначалникот Горан Герасимовски, се сретна со жителите на населбата Кале, каде што ова лето беше целосно реконструирано спортското и детското игралиште.