Тематска прошетка во Општина Центар – „Постземјотресни обележја во Центар“

Активности
Бруталистичката архитектура во Скопје – стил кој го обликуваше идентитетот на градот по земјотресот и сè уште предизвикува љубопитност и восхит
Постземјотресни обележја во Центар
09.10.2025

Со задоволство ве покануваме на тематската прошетка „Постземјотресни обележја во Центар“ посветена на бруталистичката архитектура во Скопје – стил кој го обликуваше идентитетот на градот по земјотресот и сè уште предизвикува љубопитност и восхит.

Заедно ќе истражиме некои од најимпресивните обележја во самиот центар на Скопје, откривајќи ја нивната историја, значење и улога во урбаниот развој на градот.

Турата ги опфаќа следните локации:

  • Градски Ѕид – станбен комплекс што го обликува централното јадро;
  • Пошта – еден од најиконичните објекти во Скопје, смел по форма и визија;
  • Градски трговски центар (ГТЦ) – модернистички пазар и место за средби;
  • Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ) – интелектуалното и архитектонско срце на обновата по земјотресот и
  • Новата железничка станица – футуристички влез во градот.

Датум: 11.10.2025
Време: 11:00 часот
Место на средба: Плочник, Градски ѕид, Бул. „Илинден“
Водич: Бојана Јанева

Турата е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2025 година и е отворена за сите жители на Општина Центар – Скопје, со цел да се поттикне дијалог за минатото, сегашноста и иднината на нашиот град низ призмата на архитектурата.

Придружете ни се додека пешачиме, учиме и размислуваме за тоа како брутализмот го обликуваше идентитетот на Скопје.

Галерија
Submitted by alfa4 on 09.10.2025 - 10:47